Антифашистичките активисти кои се спротивставуваат на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тврдат дека го хакирале Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS) и објавиле база на податоци со имиња и официјални контакти на повеќе од 40.000 вработени во агенцијата, објави NBC.
Базата на податоци е објавена од непрофитната организација „Дистрибуирано негирање на тајни“ (DDoSecrets), наведувајќи дека податоците се обезбедени од хакерска група која се нарекува себеси Министерство за мир.
Меѓу нив има информации за 6.598 вработени во Службата за имиграција и царина (ICE), вклучувајќи неколку агенти за кои се вели дека работат на тајни мисии.
Anti fascist activists opposed to the Trump administration say they have hacked DHS and created a massive searchable database of names and contact information for over 40,000 agency employees. https://t.co/kPPhjQRKH4
— NBC News (@NBCNews) October 29, 2026
Анализата на NBC покажа дека базата на податоци содржи официјални е-адреси, телефонски броеви, локации и работни места, а новинарите ја потврдија точноста на некои од податоците.
Иако не се пронајдени приватни информации, објавувањето на идентитетот на вработените може да ја загрози нивната безбедност. Хакерите и DDoSecrets изјавија дека објавувањето на податоците е форма на протест против DHS и неговите операции за депортација.
Одделот не одговори на барањето за коментар. Според NBC, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп била цел на повеќекратни хакерски напади во последните месеци. Коосновачката на DDoSecrets, Ема Бест, изјави дека организацијата подготвила планови за непредвидени ситуации поради чувствителноста на објавениот материјал.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата