Келог ги посети ранетите украински војници во воената болница во Ирпин

Vecer | 22.02.2025

Келог ги посети ранетите украински војници во воената болница во Ирпин
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Келог информира дека за време на посетата го придружувала американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк.

„Денеска со амбасадорката Бринк имавме емотивна посета на украинската воена болница во Ирпин за да се сретнеме со ранетите војници. Присуството со овие херои е причината поради која претседателот Трамп е апсолутно во право што сака да ја заврши оваа војна“, напиша Келог на социјалната мрежа Икс.

Келог пристигна во Киев на 19 февруари, каде што оствари средби со високи украински функционери, меѓу кои претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук, премиерот Денис Шмигал и министерот за надворешни работи, Андриј Сибига.

Во четвртокот, Келог се сретна и со претседателот Володимир Зеленски, со кого разговараа за безбедносни прашања и размена на затвореници меѓу Русија и Украина./MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk