Израелскиот министер Кац во судир со воениот врв

Vecer | 03.08.2026

Израелскиот министер Кац во судир со воениот врв
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Промената уследи по спорот предизвикан од одлуката на тој офицер да изрече административна мерка против израелски доселеник осомничен за напади врз Палестинци, пишува денеска израелскиот весник „Марив“, повикувајќи се на извори кои ја оцениле одлуката како политички мотивирана, бидејќи Балут наводно не ја спровел политиката на Кац.

Весникот наведува дека конфликтот меѓу военото раководство и министерот за одбрана бил предизвикан од одлуката на Балут – кој е надлежен за окупираниот Западен Брег – да спроведе административна мерка против доселеници обвинети за насилство врз Палестинци.

Кац ја објави одлуката за замена на Балут во телевизиска емисија на „Канал 14“, наведувајќи дека на негово место ќе биде назначен Дадо Бар Калифа. Според весникот „Марив“, овој потег предизвикал незадоволство во израелската армија, каде што дел од офицерите сметаат дека одлуката е политички мотивирана.

Началникoт на Генералштабот на ИДФ, генерал Ејал Замир, изјави дека одлуката на Кац не е во согласност со неговите планови и дека тој нема намера да врши промени на командантите на клучни позиции во овој период. „Марив“, повикувајќи се на воени извори, наведува дека ниту Балут, ниту неговиот наследник не биле однапред информирани за одлуката на министерот, туку за неа дознале дури по јавното соопштување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk