logo
logo
logo

Израелската Влада одобри изградба на уште 19 еврејски населби во Западен Брег

Vecer | 21.12.2025

Израелската Влада одобри изградба на уште 19 еврејски населби во Западен Брег

Смотрич, кој и самиот е доселеник и поборник за анексија на Западен Брег, територија окупирана од 1967 година од страна на Израел.

Тој на платформата Икс објави дека за две години со планираните 19 населби, во Западен Брег ќе има 69 еврејски населби.

Одлуката за 19 нови населби е донесена на барање на Смотрич и министерот за одбрана Израел Кац. Според Смотрич со изградбата на нови населби се блокира формирање на терористичка палестинска држава.

Ќе продолжиме да ја развиваме, градиме и населуваме земјата на нашите предци, посочи Смотрич.

Во Западен Брег моментално живеат повеќе од 500.000 Израелци. Секоја израелска влада од 1967 година продолжува со населување, што значително се интензивира од октомври 2023 година кога почна војната во Појасот Газа. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk