Израелската безбедносна служба апелира до партиските лидери да си ангажираат приватно обезбедување

Vecer | 30.09.2026

Израелската безбедносна служба апелира до партиските лидери да си ангажираат приватно обезбедување
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Препораката доаѓа поради загриженоста за заканите кон политичките личности и недостатокот на формален систем за заштита на лидерите на партиите кои моментално не се на владини позиции.

Според законот, Шин Бет е одговорна за заштита на државните институции и високите функционери, како што се премиерот, одредени министри или други лица, во зависност од владините одлуки и нивото на закана.

Директорот на Шин Бет, Давид Зина, неодамна доби овластување да одредува безбедносни мерки за лидерите на партиите кои моментално не се под заштита на службата.

Гади Ајзенкот, претседателот на партијата Јашар, моментално има приватно обезбедување, но не добива лична заштита од Шин Бет. Јаир Голан, претседателот на Демократите, побара безбедносна заштита.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk