logo
logo
logo

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија

Vecer | 27.07.2026

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија

Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews.

Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи рече: „Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да сносат одговорност за опасната одлука да бидат домаќини на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази“.

„Заемна почит“

Во соопштението се додава дека Техеран верува дека ова не е изолиран случај и тврди дека во минатото биле донесени слични одлуки за „поддршка на американските воени операции против Иран“. „Бугарскиот народ многу добро знае дека иранскиот народ никогаш немал никакви проблеми со Бугарија.

Со децении односите меѓу нашите два народи се засноваа на взаемно почитување“, се заклучува во пораката на иранското министерство. Последната реакција на Техеран дојде само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер на социјалната мрежа Truth Social.

„Ви благодарам, премиере Радев! Бугарија стои со Трамп и го поддржува распоредувањето на американската воздухопловна база и покрај заканите од Иран“, напиша Трамп.

Министерот за одбрана го минимизира ризикот

Ваквата размена на пораки предизвика загриженост во Бугарија, но министерот за одбрана Димитар Стојанов се обидува да ја смири јавноста. Говорејќи за бугарската телевизија bTV, Стојанов рече дека не е загрижен за можноста од ирански ракетен напад врз Бугарија, но призна дека „се е можно“.

Кога станува збор за стравот од потенцијални терористички напади, министерот тврди дека ризикот сега е помал отколку во периодот кога на цивилниот аеродром беа стационирани американски воени авиони.

Претходно оваа недела, бугарскиот парламент го одобри преместувањето на американските авиони во воената воздухопловна база Безмер. Таа одлука предизвика протести кај локалните жители, кои стравуваат дека областа може да стане цел поради растечките регионални тензии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk