Вашингтон најавува нов силен економски притисок врз Техеран, со закана за „најстрогите санкции во историјата“ против Иран. Американскиот министер за финансии Скот Бесент порача дека целта на мерките е да се намали потребата од нови големи воени операции, откако претседателот Доналд Трамп предупреди дека секоја земја што ќе му обезбеди финансиска помош на Иран ќе се соочи со сериозни економски последици.
Бесент изјави за CNBC дека ќе даде повеќе детали на прес-конференција во понеделник и ќе „зборува за тоа што точно ќе правиме“ со Иран. „Тоа е двоен удар. Имаме блокада (кон Иран) и ќе ги имаме најтешките санкции во историјата“, изјави тој.
„Или сте со нас или против нас“
„Ќе функционира. Ќе го собориме тој режим. Време е нашите сојузници и остатокот од светот да донесат одлука“, рече Бесент. „Или сте со нас или против нас“. На прашањето дали САД ќе ја нападнат Кина поради работењето со Иран, Бесент рече дека е најдобро дискусиите да останат приватни.
„Имајте предвид дека Кинезите добиваат 50 проценти од својата енергија од Заливот. Затоа би било многу корисно за нив да се вклучат во програмата“, рече тој.
Речиси 50 години, од Исламската револуција во 1979 година, Иран трпи речиси континуирани економски санкции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата