Според официјалните бројки, еден ден претходно биле пријавени 933 случаи и 245 смртни случаи, што укажува дека епидемијата продолжува да се шири, објавува Ројтерс.
Најмалку 30 лица починале од почетокот на мај во кампот Кигонзе за раселени лица во североисточниот дел на Демократска Република Конго, а за некои од жртвите е потврдено дека починале од ебола, соопштија властите.
Кампот Кигонзе, во кој живеат повеќе од 15.000 луѓе, се наоѓа во Бунија, епицентарот на тековната епидемија на ебола.
Демократска Република Конго прогласи епидемија на ебола на 15 мај, иако првите смртни случаи беа регистрирани порано.
Повеќето од потврдените случаи се во покраината Итури, каде што веќе се пријавени смртни случаи поврзани со ебола во други кампови за раселени лица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата