logo
logo
logo

Гувернерот на Калифорнија за изјавата на Трамп: Тој е пореметен

Vecer | 06.10.2026

Гувернерот на Калифорнија за изјавата на Трамп: Тој е пореметен

 „Тоа е мала цена што треба да се плати за да се зачува безбедноста на светот и на нашата земја. Тие можат да уништат еден град. Нека го уништат Лос Анџелес. Нека го уништат Сан Диего“, рече Трамп. Присутните на собирот аплаудираа по неговите зборови.

„Откако ги испрати Националната гарда и Маринците да ја окупираат Калифорнија, Доналд Трамп сега вели дека нашите странски непријатели треба да ги ‚уништат‘ Лос Анџелес и Сан Дијего. Тој е пореметен и опасен“, напиша Њусом.

Покрај тоа што е втор град по број на жители во САД, Лос Анџелес е седиште на Командата за вселенски системи при Вселенските сили на САД.

Градот е исто така дом на компании од областа на воздухопловството и вселенската индустрија, како што се „Локхид Мартин“ (Lockheed Martin), „Боинг“ (Boeing) и „Нортроп Груман“ (Northrop Grumman), како и на федерални истражувачки центри, меѓу кои и корпорацијата „РАНД“ (RAND Corporation).

„Улогата на претседателот е да ја штити земјата, а не активно да ѝ се заканува и да поттикнува напади врз животите на Американците“, напиша на платформата „Икс“ (X) градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас.

Сан Дијего, осмиот по големина град во САД, располага со големи воени објекти во самиот град и во неговата околина, вклучувајќи ги: Поморската база Сан Дијего – матично пристаниште на Пацифичката флота на САД; базата на Корпусот на маринци „Кемп Пендлтон“, каде што престојуваат 70.000 цивили и активен воен персонал; и Поморската амфибиска база „Коронадо“ – главниот центар за обука на специјалните единици „Navy SEALs“ на западниот брег.

„Сан Дијего не е колатерална штета, ние не сме потрошен материјал и никогаш не сме биле ’мала цена што треба да се плати‘. Држете го нашиот град подалеку од вашите непромислени закани за војна“, напиша градоначалникот на Сан Дијего, Тод Глорија, на платформата X.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk