logo
logo
logo

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска патува за Јордан и Израел

Vecer | 06.12.2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска патува за Јордан и Израел

Мерц ќе се сретне со кралот Абдула Втори во јорданската престолнина Аман, а потоа ќе замине за Израел, каде се очекува вечерва да биде примен од израелскиот претседател Ицак Херцог во Ерусалим.

За утре е закажана и средба меѓу германскиот канцелар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Мерц ќе го посети и Центарот за сеќавање на жртвите од Холокаустот „Јад Вашем“, каде ќе положи венец.

Се очекува главниот фокус на разговорите да биде ставен на затегнатите односи меѓу Израел и Германија, како и на понатамошната стабилизација на примирјето во Газа, забележува ДПА.

Германија е еден од најблиските сојузници на Израел, покрај САД, но Мерц ја остварува својата прва официјална посета на земјата релативно доцна, коментира ДПА.. Претходниот канцелар, Олаф Шолц, го посети Израел само три месеци по преземањето на функцијата, а Ангела Меркел ја направи својата прва посета како канцелар само два месеци откако официјално ја презеде функцијата. Ова ја отсликува перцепцијата на Германија за посебна одговорност кон Израел поради Холокаустот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk