ГЕРМАНИЈА ВО ПРОБЛЕМ: Се помалку места за НОВИ РАБОТНИЦИ! Отказите се се почести

Vecer | 30.01.2024

ГЕРМАНИЈА ВО ПРОБЛЕМ: Се помалку места за НОВИ РАБОТНИЦИ! Отказите се се почести
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Германските компании се помалку се подготвени да вработат нови работници, се вели во извештајот објавен од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индикаторот што ја мери подготвеноста на германските компании да ангажираат работници падна на 95,5 поени во јануари од 96,5 поени во декември, објавено е на веб-страницата на ИФО.

Компаниите прилично се двоумат да вработат нови луѓе, отпуштањата стануваат се поверојатни, рече шефот за истражување на ИФО, Клаус Волрабе.

Во германскиот производствен и трговски сектор владее песимизам во однос на вработувањето на нови работници, а од овој тренд не е поштеден ниту услужниот сектор.

Работници првенствено бараат ИТ компаниите и фирмите кои обезбедуваат консултантски услуги. Германскиот градежен сектор е во криза која се одржува и се воздржува при вработувањето кадри.

Во посебна изјава, ИФО рече дека германската економија е „заглавена во рецесија“ бидејќи деловното расположение на компаниите во Германија дополнително се влоши во јануари.

Германските фирми беа помалку задоволни од тековното работење во споредба со декември и поскептични за развојот на нивниот бизнис во следните шест месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk