logo
logo
logo

Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд

Vecer | 13.01.2026

Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио, изјави дека сојузниците во НАТО мора да дејствуваат обединето и дека само Гренланд и Данска можат да одлучуваат за иднината на островот.

Реакцијата на Вадефул доаѓа по намерите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз Гренланд, автономна област на Данска, која според Вашингтон е од витално значење за американската безбедност.

Данската премиерка Мете Фредериксен претходно предупреди дека евентуално американско заземање на островот би значело крај за НАТО алијансата.

- Безбедноста во Северниот Атлантик ќе ја зајакнеме само ако работиме заедно во солидарност и единство. Одлуката за Гренланд е во рацете на неговите жители и на Данска, потенцираше Вадефул.

И покрај разликите околу Гренланд, Вадефул и Рубио ја потврдија посветеноста на Членот 5 од договорот на НАТО за заемна одбрана.

Германскиот министер истакна дека Aлијансата останува клучна за постигнување траен мир во Украина и дека единството е јасен сигнал до Русија да не се обидува да го загрозува НАТО пактот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk