Генералното собрание на ОН ги осуди руските анексии на украинските територии

Vecer | 13.10.2022

Генералното собрание на ОН ги осуди руските анексии на украинските територии
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Како што соопштија властите, најмалку 13 луѓе загинале во руските гранатирања врз 40 градови. Најжестоки напади имало во Киев, а ракета погодила и повеќекатница во градот Миколаев, каде утрината од урнатините беше извлечено преживеано дете. Во обраќањето пред Советот на Европа, Зеленски побара формирање суд за руските воени злосторства.

-Ниту еден руски терорист нема да ѝ остане недостапен на правдата. Ќе ги дознаеме сите имиња и детали и ќе го изнесеме пред правдата секој руски убиец. , вели Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Доцна синоќа Генералното Собирание на Обединетите Нации со огромно мнозинство го осуди рускиот обид за нелегална анексија на четирите украински региони. Од 193, за гласаа 143 земји членки, вклучително и Македонија. Во осудата се придружија и Србија и Унгарија, кои важат за традиционални пријатели на Москва. Само четири држави гласаа против Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија, а Кина беше воздржана.

-Денес Русија ја напаѓа Украина. Но, утре тоа може да биде друга нација чија територија е нарушена. Можете да бидете вие. Можете виде да бидете следниот. , изјави Линда Томас Гринфилд, американска амбасадорка во ОН.

И додека Светската организација гласаше, рускиот претседател Путин замина во неколкуденевна посета на Казахстан, каде учествува на неколку самити и конференции со азиските земји. Од таму ја нагласи опасноста од глад, недостаток на храна и нестабилност на цените.

-Неопходно да се ревидираат принципите на глобалниот финансиски систем, кој со децении ја дозволува таканаречената самопрогласена „златна милијарда“, која ги затвора сите текови на капитал и технологија и во голема мера да живее на сметка на другите. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Во Астана Путин се сретна со турскиот колега Ердоган, кој се наметнува како главен играч за мировни преговори. Путин на средбата ја изложил идејата за изградба на гасоводен центар во Турција, од каде би се продавал гас во трети земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk