logo
logo
logo

РАЗБУДИ СЕ ЕВРОПО! Рубио со јасна порака од Атина

Vecer | 08.10.2026

РАЗБУДИ СЕ ЕВРОПО! Рубио со јасна порака од Атина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја искористи историската симболика на атинската Акропола за да упати остри и инспиративни пораки до западната хемисфера, повикувајќи на зајакната соработка и враќање кон темелните цивилизациски вредности пред новите геополитички предизвици.

Настапувајќи во лулката на древната демократија, шефот на американската дипломатија порача дека античката Грчка ги постамила темелите на она што денеска го дефинира целиот Западен свет, нагласувајќи дека денешните лидери мора да ги пронајдат храброста и вистинските врлини на предците.

– Веруваме дека Европа може да се разбуди од својот долг сон и повторно да ја распламти огнот што овде гореше пред илјадници години, истакна Рубио за време на својот говор.

Политичките аналитичари неговата европска турнеја и силни пораки во престолнината на Грција веќе ја толкуваат како круцијален чекор за зацврстување на неговиот глобален и домашен политички профил, со оглед на тоа што тој се почесто се споменува како еден од главните фаворити за републиканската претседателска номинација во САД за 2028 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk