ВИДЕО | ЕВРОПА ПЛАЌА ПРЕСКАПО ЗА ЛЕТОТО - Сушите, пожарите и горештините веќе чинат стотици милијарди евра

Vecer | 18.08.2026

ВИДЕО | ЕВРОПА ПЛАЌА ПРЕСКАПО ЗА ЛЕТОТО - Сушите, пожарите и горештините веќе чинат стотици милијарди евра
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Рекордните горештини, суши и пожари веќе ја чинат Европа стотици милијарди евра, оставајќи сериозни последици врз земјоделството, енергетиката, речниот транспорт и туризмот. Економистите предупредуваат дека загубите може дополнително да растат, бидејќи проблемот не е само во појавата на екстремните временски услови, туку и во тоа што повеќе разорни феномени се случуваат истовремено.

-Имаме топлотни бранови, суши, шумски пожари… Овие настани се случуваат во исто време и претежно во истите региони, поради што нивните последици се меѓусебно зајакнуваат – предупреди Шехриш Усман, економист на Универзитетот во Манхајм.

Ниското ниво на водата на Рајна и Дунав сериозно го ограничи товарниот сообраќај на тие клучни европски водни патишта. Повеќе од шест нуклеарни реактори мораа да го запрат или намалат производството поради проблеми со ладењето, додека проценките за земјоделските приноси беа исто така намалени.

🇩🇪 Německo
Řeka Rýn, vyschlá kvůli suchu, natočena v městě Düsseldorf (Německo 15. srpna 2026).#RhineRiver #Drought #Düsseldorf #Germany #ClimateChange pic.twitter.com/LvbCdqSlC4

— Pravda_o_klimatu (@PRAVDAoKLIMATU) August 16, 2026

Културите што се берат подоцна во годината, како што се пченката и сончогледот, веќе забележаа проценети загуби од 6до 7% во текот на јули.

Холандската мултинационална банкарска и финансиска групација (ING) проценува дека само прекинот на сообраќајот по Рајна ќе го намали германскиот БДП за 0,3 процентни поени оваа година. Унгарската MBH Bank проценува дека секоја недела што најголемата нуклеарна централа во земјата е неактивна го намалува БДП на Унгарија за околу 0,1 процентен поен.

Германската осигурителна компанија Алијанц (Allianz) проценува дека само двонеделен топлотен бран во јуни ќе го намали европскиот БДП за приближно 0,3 процентни поени.

-Вкупните трошоци оваа година ќе бидат многу повисоки. Оваа проценка не ги вклучува пожарите, сушите, поплавите или очекуваниот Ел Нињо – вели економистот на Allianz, Хазем Кричене.

Проблемот е уште поизразен ако земеме предвид дека за Еврозоната оваа година се очекува економски раст од само околу еден процент.

Рекордните горештини, суши и пожари силно ја погодија европската економија ова лето, од енергетиката и земјоделството до речниот транспорт и туризмот. Економистите проценуваат дека вкупната штета веќе е измерена во стотици милијарди евра и предупредуваат дека ова е само почеток.

🇬🇧 Drought reveals remains of former village in England

England's dry weather has revealed the remains of a former village in the East Midlands that was flooded in the 1970s to create a reservoir. pic.twitter.com/nSI3Zj7ATM

— AFP News Agency (@AFP) August 17, 2026

Посебен проблем е фактот што неколку екстремни феномени се случуваат истовремено.

-Имаме топлотни бранови, суши, шумски пожари… Овие настани се случуваат во исто време и претежно во истите региони, поради што нивните последици се меѓусебно зајакнуваат – предупреди Шехриш Усман, економист на Универзитетот во Манхајм.

Ниското ниво на водата на Рајна и Дунав сериозно го ограничи товарниот сообраќај на тие клучни европски водни патишта. Повеќе од шест нуклеарни реактори мораа да го запрат или намалат производството поради проблеми со ладењето, додека проценките за земјоделските приноси беа исто така намалени.

Културите што се берат подоцна во годината, како што се пченката и сончогледот, веќе забележаа проценети загуби од 6до 7% во текот на јули.

Холандската мултинационална банкарска и финансиска групација (ING) проценува дека само прекинот на сообраќајот по Рајна ќе го намали германскиот БДП за 0,3 процентни поени оваа година. Унгарската MBH Bank проценува дека секоја недела што најголемата нуклеарна централа во земјата е неактивна го намалува БДП на Унгарија за околу 0,1 процентен поен.

Германската осигурителна компанија Алијанц (Allianz) проценува дека само двонеделен топлотен бран во јуни ќе го намали европскиот БДП за приближно 0,3 процентни поени.

-Вкупните трошоци оваа година ќе бидат многу повисоки. Оваа проценка не ги вклучува пожарите, сушите, поплавите или очекуваниот Ел Нињо – вели економистот на Allianz, Хазем Кричене.

Проблемот е уште поизразен ако земеме предвид дека за Еврозоната оваа година се очекува економски раст од само околу еден процент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk