logo
logo
logo

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор

Vecer | 22.02.2026

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор

Европската комисија денеска ги повика Соединетите Американски Држави да ги почитуваат условите од трговскиот договор склучен меѓу двете страни минатата година, откако Врховниот суд на САД ги поништи т.н. реципрочни царини на Доналд Трамп, што го натера да објави нови глобални тарифи од 15 проценти.

Европската комисија го повика Вашингтон да биде „јасен“ во врска со мерките што се подготвува да ги преземе по пресудата на највисокиот американски суд.

Незадоволен од одлуката на Врховниот суд, Трамп воведе глобална тарифа, првично од 10 проценти за сите увезени стоки, која потоа ја зголеми на 15 проценти, дополнително на веќе постојните царини.

- Сегашната ситуација не е погодна за воспоставување „фер, избалансирана и меѓусебно корисна“ трансатлантска трговија и инвестиции, како што е договорено од двете страни, се вели во соопштението на Европската комисија.

Трговскиот договор меѓу Брисел и Вашингтон постигнат во јули предвидува американски царини од 15% за повеќето стоки од ЕУ, вклучувајќи фармацевтски производи, полупроводници и автомобилски производи. Стапката од 15% е максимален праг и не е дополнителна на постојните царини, како што предвидува новата одлука на Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk