logo
logo
logo

Ердоган: Анкара е подготвена да посредува за прекин на огнот помеѓу Пакистан и Авганистан

Vecer | 05.03.2026

Ердоган: Анкара е подготвена да посредува за прекин на огнот помеѓу Пакистан и Авганистан

Ердоган во телефонскиот разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги осуди терористичките напади во Пакистан и наведе дека Анкара ќе настојува да „придонесе за повторно воспоставување примирје помеѓу Пакистан и Авганистан“, се наведува во соопштението на турската Влада.

Кабинетот на Шариф соопшти дека двајцата лидери разговарале за тензиите долж 2.611 километарската граница.

Судирот почна минатата недела кога Авганистан на 26 март презеде одмазднички напади поради претходните пакистанските воздушни напади. Судирот помеѓу двете соседни земји активен е веќе седми ден, а Исламабад соопшти дека е во „отворена војна“ со Кабул. Со тоа е прекинато примирјето, постигнато во октомври минатата година со посредство на Катар и Турција.

Командантот на пакистанската армија, фелдмаршал Асим Мунир изјави дека мирот ќе зависи од тоа дали авганистанските талибанци ја прекинале врската со милитантните групи кои го напаѓаат Пакистан, предупредувајќи оти Исламабад ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ против заканите кои доаѓаат од Авганистан. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk