logo
logo
logo

СОЗДАВАЊЕ НА ДВЕ ДРЖАВИ за конфликтот во Газа - побара генералниот секретар на ОН

Vecer | 23.09.2026

СОЗДАВАЊЕ НА ДВЕ ДРЖАВИ за конфликтот во Газа - побара генералниот секретар на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера изјави дека „нема друга алтернатива“ на решението со две држави за конфликтот во Газа, предупредувајќи дека времето истекува додека се уништуваат темелите за создавање идна палестинска држава, објави „Араб њуз“.

Гутереш зборуваше на затворен состанок на високо ниво за решението со две држави, што Франција и Саудиска Арабија го организираа на маргините на Генералното собрание на ОН.

„Пред една година, многу од вашите земји им се придружија на другите во признавањето на Државата Палестина“, им рече тој на учесниците, додавајќи дека со тоа тие признале оти решението со две држави – засновано на границите кои постоеја пред 1967 година и на меѓународното право и на резолуциите на Советот за безбедност на ОН – е единствениот пат кон траен мир и безбедност за Палестинците и за Израелците, како и за поширокиот регион.

Состанокот се одржа една година по самитот за решението со две држави, со кој минатата година заеднички претседаваа Франција и Саудиска Арабија.

Велика Британија, Франција, Канада и Австралија беа меѓу земјите што ја признаа Палестина во периодот околу самитот. Самитот се надоврза на Њујоршката декларација, патоказ кон создавање палестинска држава што Франција и Саудиска Арабија го изработија на конференција во јули 2025 година.

Генералното собрание на ОН ја поддржа декларацијата во септември минатата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk