Голем пожар вечерва избувна во историскиот дворец „Милер“ на Исакиевскиот плоштад во центарот на Санкт Петербург, непосредно спроти познатата Исакиевска катедрала.
Според податоците на руското Министерство за вонредни ситуации (МЧС), пријавата за пожарот била примена во 20:11 часот по локално време, а огнот за кратко време се проширил на целата зграда. Пожарот во меѓувреме зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри.
Поради брзото ширење на огнот, степенот на сложеност на пожарот бил зголемен до трет ранг. Првично било пријавено дека гори површина од околу 450 квадратни метри.
На терен првично биле ангажирани 125 пожарникари и 25 единици специјална техника, а пожарникарите истовремено ги ладат покривите на околните објекти за да се спречи ширењето на огнот. Подоцна биле објавени и информации за дополнително зголемување на бројот на ангажираните сили.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата