(Видео) Се будат сеќавањата на трагедијата од 2018: ФУЕГО ПОВТОРНО ЕРУПТИРА

Vecer | 05.08.2026

(Видео) Се будат сеќавањата на трагедијата од 2018: ФУЕГО ПОВТОРНО ЕРУПТИРА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Силната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала предизвика евакуација на најмалку 1.700 луѓе од населените места во близина на кратерот, додека властите прогласија највисок степен на опасност во регионите засегнати од пепелта.

Фуего (што на шпански значи „оган“) се смета за најактивниот вулкан во Средна Америка. Се наоѓа во близина на главниот град на Гватемала, а во нова еруптивна фаза влезе во понеделникот наутро. Неговата активност дополнително се интензивираше во текот на ноќта, кога реки од лава почнаа да се спуштаат низ падините, а во небото се издигнаа огромни столбови од гас и пепел.

„Вулканот минува низ една од своите најкритични експлозивни фази, исфрлајќи реки од кал, вжештени карпи, гас и пепел“, изјави Едвин Рохас, директор на вулканолошкиот институт „Инсивумех“ (Insivumeh).

🇬🇹| Guatemala declaró alerta naranja a nivel nacional tras una importante erupción del volcán de Fuego, nivel que indica una situación de peligro.

Las autoridades comenzaron la evacuación de dos localidades cercanas como medida preventiva ante el aumento de la actividad… pic.twitter.com/1MKwNIvtQN

— Radar Austral (@RadarAustral_) August 4, 2026

Црвен аларм за регион од 1,6 милиони жители

Националната агенција за координација при катастрофи (CONRED) ја подигна тревогата на црвено ниво за регионите Сакатепекез, Чималтенанго и Ескуинтла, каде што живеат околу 1,6 милиони луѓе.

Според извршната секретарка на CONRED, Клаудин Огалдес, околу 29.000 луѓе се директно изложени на пепелта, поради што ги повика жителите од околните села да носат заштитни маски и да ги покријат залихите со храна и вода.

Според експертите од „Инсивумех“, над кратерот се формирала фонтана од лава висока од 200 до 300 метри, додека густиот столб од пепел достигнал висина од над 7.000 метри. На височина меѓу 5.000 и 6.000 метри, пепелта се шири и до 130 километри кон запад.

Поради опасните услови, Министерството за образование ја прекина наставата со физичко присуство во училиштата во трите нај засегнати градови.

NEW 🚨 Guatemala declares nationwide orange alert, evacuates villages after Fuego volcano erupts pic.twitter.com/bXomPCp4VZ

— Insider Paper (@TheInsiderPaper) August 4, 2026

Сеќавања на трагичните ерупции

Гватемала се наоѓа на Пацифичкиот огнен појас и редовно се соочува со силна сеизмичка и вулканска активност. Најсмртоносната историска ерупција во регионот се случила во 1902 година, кога загинале околу 30.000 луѓе за само неколку минути.

Исто така, во 2018 година, во силните текови од лава кои опустошија цело село на падините на овој вулкан висок 3.763 метри, загинаа 215 луѓе, а околу 200 се водеа како исчезнати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk