logo
logo
logo

АВТОБУС СО ДЕЦА УДРИ ВО АВТОМОБИЛ - Многу ученици итно пренесени во болница

Vecer | 24.08.2026

АВТОБУС СО ДЕЦА УДРИ ВО АВТОМОБИЛ - Многу ученици итно пренесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утрово околу 4:15 часот на автопатот А28 во источниот дел на Холандија, кога туристички автобус кој превезувал германски средношколци за Париз удрил во доставачко возило. По силниот удор, автобусот ја пробил заштитната ограда, преминал на спротивната страна од патот и се превртел на бок. Според најновите информации од училиштето, вкупно 15 ученици се пренесени во болница, а иако никој не е во животна опасност, неколкумина се здобиле со потешки повреди.

Од силината на ударот, доставачкото возило било практично преполовено, а неговиот возач е исто така меѓу повредените. Во автобусот се наоѓале 54 ученици од 12-то одделение и четири наставници од училиште во покраината Шлезвиг-Холштајн. Поради специфичната положба на превртениот автобус, спасувачките екипи морале дел од децата да ги извлекуваат низ отворите на покривот, а на терен биле ангажирани бројни противпожарни екипи, амбулантни возила и медицински хеликоптери.

Учениците кои поминале без потешки повреди биле згрижени во спортска сала каде им била пружена првична помош и привремен смештај, а се очекува во текот на денот да бидат вратени назад во Германија. Поради оваа тешка несреќа, холандските власти го подигнаа нивото на приправност и целосно го затворија автопатот А28 во двата правци поради полициски увид и расчистување на теренот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk