logo
logo
logo

ПОСИЛНА ОД КОГА БИЛО, НО И НАЈНЕСТАБИЛНА: Клучните пораки од говорот на Фон дер Лајен

Vecer | 16.09.2026

ПОСИЛНА ОД КОГА БИЛО, НО И НАЈНЕСТАБИЛНА: Клучните пораки од говорот на Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска на почетокот од говорот пред Европскиот парламент во Стразбур за состојбата во Европската Унија и за приоритетите за следната година, изјави дека ЕУ е посилна од кога било, но и најнестабилна досега. Она истакна дека во ова комплексно време Унијата избра да оди по свој пат.

Фон дер Лајен го цитираше описот на Чарлс Дикенс за деновите на Француската револуција дека тоа биле „најдобрите времиња, но и најлошите“, додавајќи дека така е и во денешниот свет и дека брзината на промените е неверојатна. Фон дер Лајен кажа дека Европската Унија избра да се бори против „токсичното влијание“ на Русија, да стои покрај Украина која се бори за својата иднина и за европската безбедност, како и да стои покрај Гренланд.

Таа истакна дека само Европа може да обезбеди сигурност за Европјаните. Главни теми на нејзиното шесто годишно обраќање во Европскиот парламент треба да бидат, како што е најавено, климатските промени, технолошкиот натпревар со Кина и САД, зајакнувањето на одбранбената индустрија и реформите на миграциската политика. Како што беше претходно најавено, се очекува Фон дер Лајен да зборува и за вештачката интелигенција, конкуренцијата, климата, трговијата, миграциите, одбраната и социјалните мрежи.

Говорот на претседателката на Европската комисија, освен пратениците во Европскиот парламент, го следат и европските комесари, а како специјален гост присуствува и канадскиот премиер Марк Карни.

Седницата ја отвори претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, која изнесе што луѓето очекуваат од Европа.

„Нашата унија секогаш одеше напред бидејќи луѓето сакаа да направат чекор чекор напред кога моментот го бараше тоа и ја претвораа неизвесноста во можност. Луѓето очекуваат унија која прави повеќе за да ги заштити, повеќе за да ги поддржи и повеќе за да се бори за нивното место. Сакаат одговори за безбедноста, конкурентноста, пристапните домови, квалитетните работни места, климата, границите. Сакаат да се заложиме за Европа на вредностите“, рече Мецола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk