logo
logo
logo

СÈ ПОПРАЗНИ РЕЧНИ СЛИВОВИ И ТОПЕЊЕ НА ГЛЕЧЕРИТЕ: СМО алармира за иднината на водните ресурси

Vecer | 17.09.2026

СÈ ПОПРАЗНИ РЕЧНИ СЛИВОВИ И ТОПЕЊЕ НА ГЛЕЧЕРИТЕ: СМО алармира за иднината на водните ресурси

Реките низ светот во 2025 година забележаа една од најсушните години во последните децении, соопшти Светската метеоролошка организација (СМО), што го одразува намалувањето на резервите на вода на површината на Земјата и предизвикува загриженост за идните резерви.

Глобалните резерви на вода се во опаѓање веќе десет години

Копнените резерви на вода, вклучувајќи ги подземните води, езерата, вегетацијата, мразот и снегот, се во опаѓање веќе една деценија, според извештајот на СМО за состојбата на глобалните водни ресурси.

Таа агенција на Обединетите нации предупреди на „сериозни идни последици“ од тој тренд, бидејќи таквите резерви дејствуваат како еден вид заштитен резервоар за планетата за време на исклучително суви години, како оваа.

„Сега трошиме од заштедите. Глобалните резерви на копнените води покажуваат тренд на опаѓање од 2014–2016 година. Ова е постојан сигнал што трае веќе една деценија“, изјави генералниот секретар на СМО, Селест Сауло, во изјавата што го придружува извештајот.

Реките доживуваат рекордна суша, глечерите се топат

Податоците на СМО покажуваат дека повеќе од една третина од светските речни сливови имале проток под нормалата, што ја прави оваа година една од најсушните за реките во светот откако се води евиденција во последните 35 години.

Сепак, во некои речни сливови, на пример во делови од Јужна Азија, е регистриран вишок вода, што укажува на сè понестабилни и непредвидливи водни циклуси, се наведува во извештајот.

Широко распространето губење на глечерите низ сите региони е забележано и во текот на 2025 година, четврта година по ред со таков тренд, а во извештајот се вели дека ова ќе доведе до долгорочна несигурност во снабдувањето со вода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk