Два брода со хуманитарна помош од Мексико сепак пристигнаа на Куба

Vecer | 29.03.2026

Два брода со хуманитарна помош од Мексико сепак пристигнаа на Куба
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Екипажите рекле дека се во добра здравствена состојба, но дека лошото време, особено силните ветрови, го одложиле доставувањето на помошта, објави Ројтерс.

Мексиканската морнарица претходно соопшти дека лоцирала два брода со кои изгубила контакт во четврток додека носеле хуманитарна помош за Куба.

Морнарицата во објава на својата X-платформа соопшти дека авион ги забележал бродовите на околу 148 километри северозападно од Хавана, Куба.

Бродовите, кои превезувале девет лица, тргнале од јужен Мексико на 20 март и требало да пристигнат во Хавана помеѓу 24 и 25 март.

Два брода припаѓаат на конвојот „Наша Америка“, иницијатива за солидарност на групи и поединци од различни земји од светот, првенствено од Латинска Америка и Европа, кои ги здружиле силите за да достават хуманитарна помош на Куба. Првата група од конвојот „Наша Америка“ пристигна во Куба на 18 март, по што следеше водечкиот брод од конвојот кој пристигна во Хавана на 24 март, носејќи 14 тони хуманитарна помош, вклучувајќи храна и лекови, 73 соларни панели и десетина велосипеди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk