Откажани се летовите меѓу бриселскиот аеродром и германските градови Франкфурт и Минхен, пишува „Brussels Times“.
- Има шест лета до и од Минхен и 11 лета до и од Франкфурт. Ќе бидат откажани вкупно 34 летови. Не очекуваме да следат дополнителни откажувања - изјавија за новинската агенција Белга од аеродромот во Брисел.
Протестот најверојатно нема да има последици за филијалата на Луфтханза, Брисел ерлајнс, бидејќи летовите на компанијата до и од Франкфурт и Минхен ќе продолжат според планираното.
На иницијатива на синдикатот Верди, персоналот на Луфтханза денеска во 20 часот ќе започне 60-часовен штрајк.
Луфтханза претходно соопшти дека протестот ќе ги наруши плановите за патување за повеќе од 200.000 патници, на кои ќе им бидат понудени алтернативи или рефундирање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата