logo
logo
logo

ОЧЕКУВАЈТЕ ТОТАЛЕН ХАОС! Зборовите на Ле Пен се уште одѕвонуваат во Париз

Vecer | 28.09.2026

ОЧЕКУВАЈТЕ ТОТАЛЕН ХАОС! Зборовите на Ле Пен се уште одѕвонуваат во Париз

Француската политичарка Марин Ле Пен предупреди дека Париз мора да биде многу претпазлив во односите со Москва, особено поради фактот што Русија е нуклеарна сила.

Лидерката на Националното сојузништво ова го изјави во интервју за „Политико“, коментирајќи ги наводите за можен руски напад со дронови од цивилни бродови во Средоземното Море, за кои претходно пишуваше шпанскиот весник „Ел Мундо“. Ле Пен ја отфрли идејата дека Франција и Русија се веќе во војна и предупреди на сериозните последици од понатамошна ескалација.

– Би ве потсетиле дека Русија е нуклеарна сила. Не сакам Франција да влезе во војна со која било нуклеарна сила, порача Ле Пен, нагласувајќи дека токму поради тоа европските лидери мора внимателно да ги одмеруваат потезите што би можеле да доведат до директен судир.

Во тој контекст, таа ја цитираше изреката на познатиот француски дипломат Шарл Морис де Талејран од времето на Наполеон: „Знаам илјада начини да го измамам рускиот мечка од неговата јама, но не знам ниту еден начин да го вратам назад“.

Оспорени наводи за напади и страв од ескалација

Изјавата на Ле Пен доаѓа по пишувањата на „Ел Мундо“ дека ЦИА наводно предупредила сојузници како Шпанија, Франција и Италија за можни руски напади лансирани од трговски бродови. Меѓутоа, овие информации јавно беа отфрлени – францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека француските служби не добиле такво предупредување од американската разузнавачка агенција, а слични деманти стигнаа и од италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето.

Ле Пен нагласи дека не сака нејзината земја да биде вовлечена во директен конфликт: – Русија не води војна против нас. Војната е војна. Кога луѓето велат дека сме веднаш во војна, понекогаш имам чувство дека тие луѓе сакаат навистина да бидеме во воена состојба. Јас тоа не го сакам, истакна таа.

Во Европа во моментов се водат сè погласни дебати за руската закана, потенцијалните хибридни напади и ризикот од преминување на црвените линии меѓу западните земји и Москва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk