logo
logo
logo

„ИСТОРИСКИ МОМЕНТ“ Москва се огласи по повикот на Трамп за смена на Зеленски преку еден од најблиските соработници на Путин

Vecer | 10.10.2026

„ИСТОРИСКИ МОМЕНТ“ Москва се огласи по повикот на Трамп за смена на Зеленски преку еден од најблиските соработници на Путин

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, денес изјави дека коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина претставуваат „пресвртница и историски момент“.

Во објава на Платформа X, во врска со изјавата на Трамп дека Украина треба да избере нов лидер „кој може да постигне договор“, Димитриев рече дека оваа изјава е „значајна и историска“.

„Претседателот Трамп им се придружи на многумина кои веруваат дека на Украина ѝ е потребно лидерство кое всушност е фокусирано на мирот, а не на военото поттикнување на Зеленски. Време е Украина да добие нов претседател - иконски и историски“, рече Димитриев, кој како специјален претставник на Путин учествуваше во разговорите со САД за прекин на конфликтот во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk