logo
logo
logo

Сара Нетанјаху го потресе Израел: ДАЛИ ИМАЛО ПРЕДАВСТВО И ДОГОВОР СО ХАМАС ЗА НАПАДОТ

Vecer | 01.09.2026

Сара Нетанјаху го потресе Израел: ДАЛИ ИМАЛО ПРЕДАВСТВО И ДОГОВОР СО ХАМАС ЗА НАПАДОТ

Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека лидерот на опозициската партија и поранешен заменик-началник на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Јаир Голан однапред знаел за нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Сара Нетанјаху го доведе во прашање фактот дека Голан стигнал рано на местото на нападот на Хамас, сугерирајќи дека како висок воен функционер можеби однапред знаел дека војната ќе започне.

Во интервју за израелскиот Канал 14, Сара Нетанјаху зборуваше за Голан, кој отишол на југот од земјата на 7 октомври 2023 година и учествувал во спасувањето луѓе за време на нападот на музичкиот фестивал Нова.

„Кој е премиерот воопшто, па мора да знае дека војната започнува? Зошто воопшто би му го кажале тоа?“, рече иронично Сара Нетанјаху, сугерирајќи дека Голан можеби имал информации за нападот пред премиерот.

Голан претходно неколку пати изјави дека се упатил кон југ околу осум часот наутро, приближно час и половина откако започнал нападот.

Вие сте толку високо рангирана воена личност и тврдите дека сте се бореле на 7 октомври, веќе бевте таму рано наутро, веќе облечени и подготвени во многу, многу раните часови, кога другите не знаеја, како што премиерот не знаеше“, рече таа.

Запрашана за теориите дека имало предавство во рамките на безбедносниот систем на Израел пред нападот на 7 октомври, Сара Нетанјаху не ја отфрли директно можноста.

„Не сакам да зборувам. Не знам. Нека се формира вистинска истражна комисија“, рече таа.

Во исто време, Сара Нетанјаху ја критикуваше одлуката на Врховниот суд на Израел, кој нареди запирање на истрагата за пропустите поврзани со нападот.

Таа, исто така, го повтори противењето на семејството Нетанјаху на формирањето државна истражна комисија, тврдејќи дека таквата комисија би имала „претходно одредени заклучоци“.

„Мора да има вистинска истражна комисија“, изјави Сара Нетанјаху, инсистирајќи на потребата да се утврди што се случило во периодот пред нападот.

Овие јавно соопштени ставови и упатени сомневања секако не се случајни, ниту пак доаѓаат од извор кој не е добро информиран. Лоцирани се прецизно, а останува да се видат причините и последиците од изнесените сомневања.

Во Израел наесен има избори, а се очекува конечно да почне судењето на премиерот Нетанјаху по три кривични дела за корупција додека тој очекува аболиција од израелскиот претседател.

Според Јерусалим Пост пред војната, ја контролирале трговијата со нафта (гориво) и вода во Појасот Газа, но не преку класични приватни компании, туку преку државни органи под негова контрола, монопол врз увозот и оданочувањето, како и преку паралелни компании во своето тајно инвестициско портфолио.

Откако ја презеде власта во Газа во 2007 година, Хамас воспостави целосна административна и економска контрола врз овие клучни ресурси.

Целото гориво за Газа пристигнувало легално од Израел или Египет. Хамас го контролирал увозот преку своето Министерство за финансии. На пример, Катар го финансирал купувањето египетско гориво за Газа, кое потоа Хамас го препродавал на локалните жители и бизниси.

Финансиската база на Хамас од овие промети, како и инвестиции во градежништво и трговија, пред војната е проценета на 700-800 милиони долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk