logo
logo
logo

Зеленски тргна на се или ништо: СИТЕ ЦИВИЛНИ АВИОНИ НАД РУСИЈА СЕ ВО РИЗИК ОД УКРАИНСКИ НАПАД

Vecer | 01.09.2026

Зеленски тргна на се или ништо: СИТЕ ЦИВИЛНИ АВИОНИ НАД РУСИЈА СЕ ВО РИЗИК ОД УКРАИНСКИ НАПАД

Украинскиот претседател Зеленски е во критична ситуација кога политичките конкуренти дома му бараат избори, регрутацијата не се реализира според потребите, САД не испорачува ново оружје, бара оданпред да му ги платат 90-те милијарди од ЕУ за оружје и одржување на државната админситрација - и ништо од тоа не доаѓа.

Ситуација кога се соочува со корупција во државниот врв и кај негови најблиски соработници, кога на фронтот губи најмалку едно до две населени места дневно и се очекува напуштање на цивилите на двата клучни града во Доњецк, на Славјанск и Краматорск, создава нервоза и барање “за промена на ситуацијата“ по секоја цена.

Таа промена Зеленски ја најави со напади врз летечките објекти, товарни и цивилни авиони над Русија што, секако, ќе произведе уште помасовни напади врз украинските градови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник вечерта ги предупреди авиокомпаниите, осигурителите компании и странските влади дека рускиот воздушен простор „де факто ќе биде затворен“ поради украинските дронови.

Украина, како што изјави во објава на Телеграм, не ја загрозува цивилната авијација, но превозниците што летаат до Москва, Санкт Петербург или други големи воздушни центри мора да го земат предвид ризикот од дронови во рускиот воздушен простор.

„Денес сакаме да ги предупредиме сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, сите осигурители и сите што сè уште ги користат клучните руски аеродроми - руското небо станува апсолутно опасно“, рече тој, како што објави Киев Индепендент.

„Иако руските власти не го пријавуваат тоа како што треба, руското небо де факто ќе биде затворено“, додаде тој.

Зеленски рече дека оваа ситуација е предизвикана од самата Русија со војната што ја води против Украина.

Во објава на Телеграм, Зеленски им се обрати и на амбасадорите во Киев и Москва, повикувајќи ги да ги предупредат своите влади, како и на авиокомпаниите што летаат до дестинации во Русија.

Како што изјави, украинските власти ќе им обезбедат на меѓународните тела целосни информации за опасностите.

Нападите со беспилотни летала врз руските градови, вклучувајќи ја и Москва, неодамна станаа речиси вообичаени и честопати доведуваат до привремено затворање на аеродромите.

Иако руската престолнина е добро заштитена од воздушни закани, украинските власти претходно истакнаа дека нарушувањето на воздушниот сообраќај е стратешки начин за приближување на војната на Кремљ против Украина до руското население.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk