Остригите биле украдени од фарма во близина на градот Тари, северно од Сиднеј, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.
Украле повеќе од 300 вреќи со остриги
Вкупно, исчезнале повеќе од 300 вреќи што содржеле околу 400.000 остриги. Полицијата ги повика граѓаните да ги контактираат доколку имаат какви било информации за кражбата. Тие изјавија дека кражбата на остриги се случила претходно оваа година, но дека тоа им било пријавено дури вчера.
Australian police hunt thieves in $319,000 oyster heist https://t.co/cbw0uFD7TF
— The Straits Times (@straits_times) August 26, 2026
Остригите се многу чести во менијата за појадок и рестораните со морска храна низ Австралија, а локалните сорти се познати по нивниот полн и кремаст вкус.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата