ЗЕЛЕНСКИ СО ОСТАР КОМЕНТАР КОН ТРАМП - Го спомена и Хитлер!

Vecer | 27.11.2026

ЗЕЛЕНСКИ СО ОСТАР КОМЕНТАР КОН ТРАМП - Го спомена и Хитлер!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Володимир Зеленски изрази длабока фрустрација кон САД, критикувајќи го Доналд Трамп што го нарече Владимир Путин „мој пријател“ и истакнувајќи дека доцнењето во испораката на клучни противбалистички ракети чини човечки животи во Украина, објави Би-Би-Си.

Во интервју за Би-Би-Си, дадено од неговата канцеларија во центарот на Киев, украинскиот претседател се пожали дека САД не вршат доволен притисок врз Русија во мировните преговори. Тој, исто така, го нарече „чуден“ потегот на Трамп да објави фотографија на која се гледа како го прегрнува Путин.

„Се разбира, тоа е одлука на претседателот на САД, но… чудно е“, рече Зеленски, зборувајќи на англиски јазик.

„Тој е агресор и убиец… Не може да биде пријател. Едноставно не може“, рече тој, додавајќи дека тоа е исто како некој да тврди дека бил пријател со Адолф Хитлер за време на Втората светска војна.

Во четвртокот, Доналд Трамп на својата платформа „Truth Social“ објави дека за време на неговиот самит со Путин во Кина минатата недела, побарал од Русија „да ја повлече секоја воена агресија врз територии низ Европа“. Тој додаде дека верува оти склучувањето мировен договор со Украина е „реална можност“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk