СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЕДЕН ОД НАЈМАЛИТЕ И НАЈРЕТКИТЕ ВИДОВИ ЖЕЛКИ ВО СВЕТОТ

Vecer | 27.11.2026

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЕДЕН ОД НАЈМАЛИТЕ И НАЈРЕТКИТЕ ВИДОВИ ЖЕЛКИ ВО СВЕТОТ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Холандските власти минатата недела на аеродромот Шипхол запленија 26 калливи желки од Валарта, вид на кој му се заканува исчезнување, соопшти денес Холандскиот орган за безбедност на храната и производите за широка потрошувачка (NVWA).

Станува збор за еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината живеат уште само околу 300 единки.

Според информациите на NVWA, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж, кој патувал за Хонг Конг. Човекот бил уапсен, а истрагата е во тек.

Желките биле завиткани во селотејп

Повеќето желки биле завиткани во селотејп за да не можат да се движат, а потоа биле ставени во кутија. Другите биле скриени во чорапи. NVWA потврди дека сите желки преживеале и биле пренесени во специјализиран центар за спасување животни.

Цената на една каллива желка од Валарта на црниот пазар може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец американскиот центар за биолошка разновидност. Центарот ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk