ТУРЦИЈА Ѝ ВРАТИ НА ЦРНА ГОРА: од денеска визи за црногорците

Vecer | 27.11.2026

ТУРЦИЈА Ѝ ВРАТИ НА ЦРНА ГОРА: од денеска визи за црногорците
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Турција од денеска го укина безвизниот режим за државјаните на Црна Гора кои патуваат со обичен пасош. Станува збор за одговор по одлуката на Подгорица, која од 1 ноември воведе визи за државјаните на Турција, објави „Вијести“.

Одлуката број 12026, потпишана од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес беше објавена во Службениот весник на Турција. Со оваа одлука се суспендира примената на Спогодбата за меѓусебно укинување на визите, која Турција и Црна Гора ја потпишаа на 18 јануари 2008 година.

Мерката се однесува исклучиво на одредбите од спогодбата што се применуваат на црногорските државјани со обичен пасош. Турските медиуми ја опишуваат како одговор по принципот на реципроцитет, со кој се прекинува безвизниот режим воспоставен пред 18 години.

Владата на Црна Гора на 23 јули донесе уредба според која, од 1 ноември, визи за влез во земјата им се потребни на државјаните на Турција, Белорусија, Кина, Русија и Саудиска Арабија. Со тоа Подгорица ја усогласи визна политика со правилата на Европската Унија, што е една од обврските во пристапните преговори. Според наводите на црногорската влада, оваа одлука отвори и можност за повлекување околу четири милиони евра од европскиот План за раст за Западен Балкан. До 1 ноември, турските државјани можеа да престојуваат во Црна Гора без виза најмногу 30 дена.

Турција не е единствената држава што ѝ возврати на Црна Гора со иста мерка. На црногорските државјани, од 30 декември, ќе им бидат потребни визи и за влез во Русија, а Белорусија ваквата обврска воведе на први овој месец, потврди Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Црна Гора веќе воведе визи за турските државјани кон крајот на октомври 2025 година, по инцидентите во Подгорица. Тогаш, во напад со нож беше повреден еден жител на Подгорица, по што следуваа протести на локалното население против турските државјани. Владата во декември 2025 година повторно го воспостави безвизниот режим, но дозволениот престој го скрати од 90 на 30 дена. Според податоците од февруари 2025 година, Црна Гора годишно ја посетуваат околу 320.000 турски државјани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk