„КОЈ НА ДРУГ МУ КОПА ДУПКА, САМИОТ ПАЃА ВО НЕА“ - Путин со остра порака до Еворпа

Vecer | 27.10.2026

„КОЈ НА ДРУГ МУ КОПА ДУПКА, САМИОТ ПАЃА ВО НЕА“ - Путин со остра порака до Еворпа

Рускиот претседател Владимир Путин упати жестоки и драматични пораки до западните лидери за време на Форумот на земјите извознички на гас во Москва, предупредувајќи дека Европа сама си го потпишува економскиот сопствен крај со одбивањето на руските енергенси!

Во своето обраќање пред светските лидери во енергетскиот сектор, Путин децидно порача дека улогата на природниот гас како главен столб на глобалната енергетика, индустрија и земјоделство само ќе се зголемува, нагласувајќи дека Русија ја држи убедливо првата позиција во светот по резерви на овој драгоцен енергенс. Тој директно ги изолираше европските санкции и одлуки за прекинување на соработката со Москва, потсетувајќи ги на познатата македонска и балканска поговорка.

„Кој на друг му копа дупка, сам во неа паѓа“, изјави Путин, коментирајќи го ставот на Брисел и подвлекувајќи дека Европа со ваквиот потег му задава директен и брутален удар на сопствениот индустриски сектор, додека гасот моментално учествува со дури една четвртина во целокупниот светски енергетски биланс.

Рускиот лидер без влакна на јазикот говореше и за диверзијата на гасоводите што ја снабдуваа Европа, отворено нарекувајќи го рушењето на цевководите директен терористички акт. Тој подвлече дека Русија има изградено единствен и моќен производствен комплекс со ресурси и научна база што овозможува пренасочување на испораките, нагласувајќи дека Москва останува целосно одговорен, сигурен и предвидлив партнер за сите земји кои бараат стабилно снабдување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk