Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека поранешните колонијални сили сè уште се обидуваат да ја одржат контролата врз економиите на азиските, африканските и латиноамериканските земји и да се мешаат во нивните внатрешни работи и надворешна политика.
Во поздравната порака до учесниците на Форумот на поддржувачи на борбата против модерните форми на неоколонијализам „За слобода на народите!“, Путин рече дека Русија категорично ги отфрла сите форми на неоколонијализам, вклучително и притисокот со сила и санкциите, и ги поддржува аспирациите на земјите да го зајакнат својот суверенитет и независност, објави Спутник.
Тој нагласи дека меѓународната соработка треба да се заснова на општо признати правни норми, почитување на легитимните интереси на сите страни и взаемна корист.
Путин оцени дека сè поголем број земји ја поддржуваат изградбата на праведен и демократски меѓународен систем базиран на мултиполарност и еднаквост, но дека неоколонијалните амбиции на некои западни земји продолжуваат да претставуваат пречка за оваа цел.
За потсетување, рускиот претседател ќе се сретне со претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, на маргините на самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен во четврток, и тоа ќе биде нивна прва заедничка средба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата