Бројот на баратели на азил во Белгија на највисоко ниво од 2015 година

Vecer | 17.01.2025

Бројот на баратели на азил во Белгија на највисоко ниво од 2015 година
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквите податоци укажуваат дека барањата за азил во Белгија се искачиле на највисоко ниво од времето на бегалскиот бран во Европа во 2015 година. 

Според белгиските власти, речиси 40 отсто од подносителите на барања за заштита во Белгија или 15.685 од нив, претходно веќе барале азил во некоја друга земја членка на Европската Унија, но биле одбиени. 

Белгиската државна секретарка за азил и миграција во заминување Никол де Мур ја осуди ваквата  „секундарната миграција“ во Европа и се заложи за преземање мерки за спречување поединци да поднесуваат барања за азил во повеќе земји на ЕУ. 

- Мораме многу јасно да им ставиме до знаење на луѓето дека нема смисла повторно да се обидуваат во Белгија, откако ќе бидат одбиени во друга земја. Европскиот Пакт за миграција ќе ни даде повеќе можности за борба против овој вид секундарна миграција, оцени Де Мур. 

Според неа, покрај ова мора да се преземат и мерки за „значително намалување на бројот на барања за азил во Белгија“. 

Информациите за зголемување на бројот на баратели на азил во Белгија во 2024 година доаѓаат и покрај податоците на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс дека лани бројот на нелегални влезови во ЕУ бележи пад на годишно ниво и е на најнизок од 2021 година. 

- Новите прелиминарни податоци покажуваат значителен пад од 38 отсто на нерегуларните гранични преминувања на ЕУ во 2024 година, достигнувајќи го најниското ниво од 2021 година, кога миграцијата се уште беше погодена од Ковид пандемијата, соопшти Фронтекс во вторникот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk