Седум лица, меѓу кои и напаѓачот, загинаа во денешната пукотница што се случи во училиште во округот Банг Круаи, во тајландската покраина Нонтабури, потврди полицијата.
Нападот го извршил 14-годишен ученик од деветто одделение. Во пукотницата се повредени најмање 15 лица, од кои двојца се во критична состојба. Според првичните информации од властите, меѓу убиените има и наставник.
Полициските сили и специјалните единици веднаш интервенирале на терен за да ја стават ситуацијата под контрола. Напаѓачот подоцна починал, а локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за самоубиство.
Еден од учениците за медиумите изјави дека на почетокот мислел оти звуците се од петарди.
„Во првиот момент не помислив дека е пиштол. Се слушна пукање, па сè утитна. Потоа започна повторно“, раскажува тој.
Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул изрази сочувство до семејствата на жртвите и ја осуди трагедијата:
„Ова е заиста страшно и не смееше да се случи. Не само што сочувствувам со жртвите, туку и длабоко жалам што вакво нешто се случува во нашата земја“, изјави премиерот, потсетувајќи дека граѓаните во земјата немаат дозвола за поседување ватрено оружје.
Училиштето најави дека наскоро ќе излезе со официјално соопштение, додека надлежните органи ја продолжуваат истрагата за мотивите зад нападот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата