На вчерашниот прв ден од мировните преговори помеѓу Русија и Украина во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, кои се водат со посредство на САД, била договорена голема размена на воени заробеници во блиска иднина, пренесуваат светските агенции.
Нема официјална информација за колку зарабеници станува збор.
Засега оваа е единствениот договор, а преговорите кои се водат зад затворени врати, продолжуваат и денеска.
Главните теми на преговорите се прекинот на воените дејствија, безбедносните гаранции за Украина и Русија, повоената обнова на Украина и воспоставувањето долгорочен мир.
На масата нема преставници на Европската унија, но во Абу Даби, има преставници на Германија, Франција и Европската комисија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата