logo
logo
logo

Американците и Украинците денес во Мајами разговараат за завршување на војната

Vecer | 09.10.2026

Американците и Украинците денес во Мајами разговараат за завршување на војната

Една од темите треба да биде можноста за делумен прекин на огнот, кој би опфатил напади врз енергетската инфраструктура и испораките на жито. Исто така, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина, како и за планот за економско закрепнување на земјата по војната.

Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп се обидува да најде формула што би ја прекинала повеќемесечната блокада во преговорите пред почетокот на зимата и пред американските избори на средината на мандатот.

„Сите се загрижени поради зимата. Ќе биде тешка зима доколку војната не запре. Затоа САД се обидуваат да посредуваат меѓу страните со цел да се создаде заеднички предлог“, изјави американски извор за „Аксиос“.

Пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, вчера се сретнаа со претседателот за да го претстават најновиот предлог на САД и да добијат насоки од него пред разговорите во Мајами.

Во преговорите ќе учествуваат високи украински претставници, а САД упатија покани и до советниците за национална безбедност на Велика Британија, Франција и Германија, како и до претставници на НАТО и на Европската Унија.

 Володимир Зеленски вчера потврди дека Киев со Вашингтон разговара за можноста за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура и врз пратките со жито.

„Сè уште не сум подготвен да кажам што би можело да биде реално или пореално. Не сакам да кажам нешто, а Русија – како и секогаш – од инает да го направи спротивното. Затоа, да почекаме“, рече Зеленски.

Според „Аксиос“ (Axios), Украина е подготвена да разгледа таков ограничен прекин на огнот, додека Русија досега покажала мал интерес за предлогот. Виткоф и Кушнер би можеле повторно да заминат во Москва „Аксиос“ исто така пренесува дека Виткоф и Кушнер можеби повторно ќе отпатуваат во Москва подоцна овој месец на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата ја посетија Москва и Киев на почетокот на септември и оттогаш работат со двете страни на изменет американски мировен предлог.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера ја опиша војната како состојба на пат-позиција, наведувајќи дека Вашингтон сака да спречи понатамошна ескалација и да се обиде да најде пат кон завршување на конфликтот. И покрај новата дипломатска иницијатива, во моментов нема знаци дека се решени главните отворени прашања меѓу Москва и Киев, особено оние што се однесуваат на територијата и на долгорочните безбедносни гаранции за Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk