Американските сили започнаа со повлекување од нивната најголема база во Сирија

Vecer | 23.02.2026

Американските сили започнаа со повлекување од нивната најголема база во Сирија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Американските сили денеска започнаа да се повлекуваат од нивната најголема база во североисточна Сирија, бидејќи властите во Дамаск ја консолидираа контролата врз земјата, објавија британските медиуми, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори.

Неколку десетици камиони, некои натоварени со оклопни возила, денес ја напуштија базата Касрак во областа Хасака.

Доколку има целосно повлекување од Касрак, американските сили на сириско тло ќе останат само во базата Рмелан, во близина на границата со Ирак.

Касрак беше главна база за борба против организацијата Исламска држава повеќе од 10 години.

Се очекува повлекувањето од Касрак да трае околу еден месец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk