logo
logo
logo

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

Vecer | 21.08.2026

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

 Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски претставник.

Официјално лице изјави за „Си-Би-Ес Њуз“ (CBS News) дека американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ пристигнал на Блискиот Исток за да го замени „УСС Абрахам Линколн“, кој испловил од Сан Дијего на 21 ноември со околу 5.000 членови на екипажот.

Американската војна со Иран, која започна кон крајот на февруари, ја продолжи мисијата и го зголеми обемот на нивните обврски, при што „УСС Абрахам Линколн“ служеше како појдовна точка за илјадници летови на авиони за време на нападот врз Иран.

Членовите на семејствата на американските морнари јавно изразија загриженост поради влошеното ментално здравје на екипажот на бродот, како и поради санитарните услови и недостигот на храна, по што бродот „УСС Абрахам Линколн“ беше посетен од командантот на Централната команда на САД (CENTCOM), адмирал Бред Купер.

На носачот на авиони ќе му бидат потребни околу три недели за да се врати во Сан Диего.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk