logo
logo
logo

ПУТИН ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ СО ГЕРХАРД ШРЕДЕР: Кремљ објави нивна фотографија

Vecer | 08.10.2026

ПУТИН ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ СО ГЕРХАРД ШРЕДЕР: Кремљ објави нивна фотографија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го прослави својот 74-ти роденден во друштво на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кого Кремљ го нарече „стар пријател“ на Путин во соопштението вечерва.

Кремљ објави дека наутро на 7 октомври, Путин дознал од медиумите дека Шредер е во Москва, по што го поканил во својот дом, објавува Ведомости.

- Претседателот го поканил својот стар пријател во својот дом. Герхард Шредер беше со Владимир Путин кога шефот на државата вчера го прославил својот роденден - се наведува од прес-службата на Кремљ.

Кремљ објави и заедничка фотографија од Путин и Шредер, на која двајцата политичари се во соба со шпорет и самовар.

Во среда, Шредер беше во Москва, каде што се сретна со вработените во компанијата „ХајперГлобус“, руската филијала на германскиот трговски ланец „Глобус“.

На почетокот на октомври, поранешниот германски канцелар стана член на надзорниот одбор на компанија што работи во Русија.

Според руските медиуми, Шредер одржал поздравен говор, по што разговарал со вработените зад затворени врати.

Претходно, за време на состанокот со раководителите на светските новински агенции на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин зборувал за Шредер, наведувајќи дека не го смета за личен пријател, туку за еден од најдобрите германски државници.

Шредер (82), кој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, со години одржува блиски односи со рускиот претседател.

По почетокот на конфликтот во Украина, тој неколку пати доаѓал во Русија и се среќавал со Путин. Во мај 2026 година, Путин зборувал за Шредер како за „префериран“ посредник во можни преговори меѓу Русија и Украина.

Соработката на Шредер со руските компании и неговите контакти со Путин предизвикуваат контроверзии во Германија со години, особено по почетокот на војната во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk