(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ НА КРИТ: Невремето урна мост додека минувал автомобил, повредени брачен пар

Vecer | 01.10.2026

(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ НА КРИТ: Невремето урна мост додека минувал автомобил, повредени брачен пар
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика сериозни проблеми на Крит, каде што се поплавени повеќе подрачја, а две лица се повредени откако се урнал дел од мост додека со автомобил минувале преку него.

Брачниот пар се движел преку мост во Ливадија, планинско село на околу 40 километри југозападно од Ираклион, кога надојдените води оштетиле дел од конструкцијата. Двајцата биле пренесени во болница, а нивната здравствена состојба засега не е позната.

Невремето предизвикало и прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради што без струја останале Зонијана, Ливадија и Анојеја.

🇬🇷 اليونان | اجتاحت السيول العارمة منطقة غوفيس في جزيرة كريت، وحوّلت الطرق إلى أنهار جارفة، فيما جرفت المياه سيارات إلى البحر وحملت كميات كبيرة من الحطام نحو الشاطئ.🚨
🎥 https://t.co/UbkKmqpeHl#Greece | #Crete pic.twitter.com/Y3IMoC7yoL

— طقس_العالم ⚡️ (@Arab_Storms) October 1, 2026

Поради силните врнежи во планинската област Милопотамос, властите ги затвориле сите училишта и градинки во областа. Настава не се одржува ни во Ханија и Ретимно.

Градоначалникот на Милопотамос, Јоргос Кладос, побарал прогласување вонредна состојба во општината поради обилните врнежи, кои предизвикале сериозни проблеми, особено во планинските села.

Во Зонијана надојдените води носеле автомобили, а слични проблеми се регистрирани и во Ливадија. Патната инфраструктура на повеќе места на Крит претрпела сериозни оштетувања.

Уште рано наутро властите упатиле апел до граѓаните да го ограничат движењето и да ги избегнуваат подрачјата околу Зонијана, Ливадија и Милопотамос.

I'm currently stuck in Sissi and can't get home as road home up the mountain is closed due to flooding and rockfalls and landslide. Left home 6am to go to work , got flooded out and had to try and get home 😢
Video is outside my house, wife sent it . https://t.co/EpFeVxI2kK pic.twitter.com/Fn3GHwM98l

— Δημήτρης Καφεδάκις 🍀🇬🇷 (@cretebhoy) October 1, 2026

Поради лошите временски услови биле прекинати и траектните линии од атинските пристаништа Рафина и Лаврио. Надлежните најавиле дополнителни информации за можноста за продолжување на сообраќајот.

Националната метеоролошка служба на Грција прогнозира нестабилно време во јужниот дел на земјата, особено на Крит, до недела, со силни ветрови во Егејското Море.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk