logo
logo
logo

Ќе го олесни преминувањето на границите? НАЈАВЕН НОВ ДЕЛ О СИСТЕМОТ EES, еве како ќе функционира

Vecer | 24.03.2026

Ќе го олесни преминувањето на границите? НАЈАВЕН НОВ ДЕЛ О СИСТЕМОТ EES, еве како ќе функционира

Европската Унија ја воведува мобилната апликација „Патување во Европа“ "Travel to Europe", која би можела да им го олесни влезот во Шенген зоната на патниците од земји кои не се членки на ЕУ благодарение на претходната регистрација.

Апликацијата "Travel to Europe" е наменета за патници кои не се државјани на ЕУ и подлежат на регистрација во рамките на системот EES. Засега, таа работи во Шведска и Португалија, а другите земји-членки сè уште не ја вовеле.

Апликацијата им овозможува на корисниците претходно да регистрираат податоци од пасошот и фотографија од нивното лице пред да пристигнат на граничниот премин каде што се користи EES. Преку апликацијата, патниците можат однапред да пополнат прашалник за условите за влез.

Граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ преку апликацијата можат да се регистрираат во рок од 72 часа пред да влезат или да излезат од европска земја која ја поддржува оваа апликација.

Апликацијата не ја менува граничната контрола

Апликацијата не ги менува граничните контроли, но го прави преминувањето на границата поедноставно, побрзо и поефикасно. Патниците сепак ќе мора да поминат низ проверка, но се очекува постапката да биде побрза бидејќи информациите веќе се внесени во системот.

Кој може да ја користи апликацијата?

Апликацијата е наменета за граѓани на земји надвор од ЕУ кои подлежат на регистрација во EES и поседуваат биометриски пасош.

Пред да ја користите, проверете дали европската земја од која планирате да влезете или излезете ја поддржува оваа апликација. Користењето на апликацијата е опционално, но може да ви помогне да заштедите време и да ги забрзате граничните контроли.

Ве потсетуваме дека EES системот постепено се воведува од 2025 година, додека целосна имплементација се очекува на 10 април 2026 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk