logo
logo
logo

САД ГО НАМАЛИЈА БРОЈОТ НА ПРАПОРАЧАНИ ВАКЦИНИ, Трамп ја потпиша Уредбата

Vecer | 11.08.2026

САД ГО НАМАЛИЈА БРОЈОТ НА ПРАПОРАЧАНИ ВАКЦИНИ, Трамп ја потпиша Уредбата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша препорака со која се бара намалување на препорачаните детски вакцини од 18 на 11, како и раздвојување на комбинираната МРП-вакцина (морбили, заушки и рубеола) во три посебни дози, пишува Би-Би-Си.

Трамп изјави дека сака да се намали бројот на „боцкања“ и сугерираше дека комбинираната вакцина може да биде опасна, повторувајќи ги сомнежите за поврзаност меѓу вакцините и аутизмот.

Наредбата има карактер на препорака, бидејќи задолжителниот календар за вакцинација за посета на училиште го одредуваат сојузните држави, а не федералната власт. Покрај ова, одлуката предвидува и барање за замена на алуминиумските соли што се користат во одредени вакцини за засилување на имунолошкиот одговор.

Здравствените експерти и медицинските организации веднаш ја осудија оваа одлука, оценувајќи ја како опасна и ненаучна:

  • Американската академија за педијатрија предупреди дека одложувањето или прескокнувањето на вакцините го зголемува ризикот од враќање на изумрени болести и нагласи дека нема научна причина за раздвојување на МРП-вакцината. Исто така, посочија дека малите количества алуминиумски соли се безбедни и се користат со децении.
  • Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) потсетија дека МРП-вакцината е многу побезбедна од самите болести и дека не постојат научни докази оти нејзиното раздвојување носи каква било корист.
  • Републиканскиот сенатор и лекар Бил Кесиди ја нарече одлуката погрешна, подвлекувајќи дека претседателот ја нема потребната стручност и дека бројни медицински студии, вклучително и големи истражувања, потврдуваат оти вакцините се ефикасни, безбедни и не предизвикуваат аутизам.

Секретарот за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот изјави дека целта на мерката е да им се даде поголем избор на родителите, а не да се забрани пристапот до вакцините. Сепак, стручњаците предупредуваат дека поголемиот број посети на лекар поради раздвоените дози само го зголемува ризикот децата да пропуштат важна заштита.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk