Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, отворено порачувајќи дека е дојдено време тој да поднесе оставка за да запре крвопролевањето.
Маск жестоко реагираше на објава на социјалните мрежи во која се коментираше новото интервју на Зеленски за британскиот водител Пирс Морган, каде беше истакнато дека најголемиот страв на украинскиот лидер е тоталниот крај на војната и одржувањето на претседателските избори.
– „И така крвопролевањето ќе продолжи. Време е Зеленски да си оди!“, напиша кратко и децидно Маск.
Истечен мандат и силен притисок од Белата куќа
Оваа жестока реакција на Маск доаѓа во момент кога и американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Киев. Трамп јавно порача дека Зеленски мора итно да организира нови претседателски избори и потсети дека украинскиот лидер пропуштил повеќе шанси да стави крај на судирот и да потпише мировен договор со Москва.
Инаку, претседателскиот мандат на Зеленски формално истече уште на 20 мај 2024 година, но властите во Киев одбиваат да организираат гласање, оправдувајќи се со воената состојба во земјата – одлука која сè повеќе го навлекува гневот на сè побројните противници во Вашингтон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата