(Видео) РУСКИ ДРОН ПОГОДИ МОСТ додека по него се движат автомобили

Vecer | 04.10.2026

(Видео) РУСКИ ДРОН ПОГОДИ МОСТ додека по него се движат автомобили
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се одвивал сообраќај, а на социјалните мрежи се појавија драматични снимки од моментот на ударот. Градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, потврди дека е погоден коловозот и дека итните служби се упатиле на местото.

На снимките се гледа експлозија на мостот во непосредна близина на автомобили кои во тој момент се движат по него, по што дел од возачите продолжуваат низ чадот и огнот. Засега нема официјална потврда за загинати или повредени во денешниот удар.

Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. https://t.co/E27CNMP5u1

— Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026

Ова е втор руски напад врз Северниот мост за два дена. Во вчерашниот удар беа повредени две лица, а беа оштетени коловозот и контактната мрежа за тролејбусите.

Нападите доаѓаат во период кога руските сили сè почесто ги гаѓаат клучните мостови преку Днепар што ги поврзуваат источниот и западниот дел на Киев. Претходно во повеќе наврати беше напаѓан и Јужниот мост, што предизвикуваше прекини и пренасочување на сообраќајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk