Застрашувачка авионска несреќа се случи во Австрија откако мал авион, кој полетал од Салцбург, одеднаш изгубил висина и се срушил директно во езерото Атерзе.

Според податоците од сервисот „Flightradar24“, контактот со леталато бил ненадежно прекинат точно во 11 часот, 23 минути и 30 секунди. Очевидци од блиското место Штајнбах опишуваат дека звукот на моторот одеднаш замрел во воздухот, по што следел падот во водата. Ниту остатоците од авионот, ниту членовите на екипажот сè уште не се забележани на површината.
На терен е покрената масовна спасувачка акција во која учествуваат шест противпожарни единици, три екипи на спасувачката служба на вода и хеликоптери кои ниско летаат над езерото во грчевита потрага по евентуално преживеани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата