Разорен пожар избувна во текот на ноќта на култната париска пазарна локација „Marché des Enfants Rouges“, при што пламените јазици и густиот црн чад беа видливи од километри далечина низ цел Париз.
Иако пожарникарските екипи успедоа да го стават пламенот под контрола, штетите се катастрофални. Градоначалникот на централниот париски арондисман, Ариел Вејл, објави на социјалните мрежи дека историската локација е целосно уништена во огнената стихија.
Историски споменик претворен во пепел
„Marché des Enfants Rouges“ важи за најстарата покриена пазарна локација во Париз, која со децении претставува омилено собиралиште и за локалните жители и за бројните туристи, препознатлива по бројните ресторани, продавници за храна, цветни куќички и винотеки. Просторот уште во 1982 година беше официјално прогласен за заштитен историски споменик.
Засега надлежните служби не соопштуваат кои се причините за избувнувањето на пожарот, ниту пак прецизни парични проценки за целокупната материјална штета.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата