logo
logo
logo

Тропска болест во срцето на Европа: ТРИ ЖРТВИ ОД МАЛАРИЈА БЕЗ ДА ОТПАТУВААТ ОД ГЕРМАНИЈА

Vecer | 22.09.2026

Тропска болест во срцето на Европа: ТРИ ЖРТВИ ОД МАЛАРИЈА БЕЗ ДА ОТПАТУВААТ ОД ГЕРМАНИЈА

Три лица починаа од маларија откако комарец влетал во авион што летал кон Германија, додека најмалку шест вработени на аеродромот во Франкфурт се заразиле со оваа смртоносна тропска болест.

Сè уште не е јасно од каде потекнувале летовите што придонеле за ширењето на болеста, објави „Фокс њуз“.

Третото починато лице – жител на Шванхајм, населба веднаш северно од аеродромот – почина неодамна. Во август од болеста почина и еден вработен на аеродромот. Ниту едно од овие лица не патувало во област каде што маларијата е ендемична.

Уште еден жител на Германија се заразил со маларија – болест што може да се добие само преку каснување од заразен комарец и не се пренесува директно од човек на човек.

„Двете лица биле заразени со паразитот Plasmodium falciparum, кој предизвикува маларија, иако не патувале во регион каде што маларијата е ендемична и не работеле на аеродромот“, соопштија градските власти.

Оваа алармантна појава, позната како „аеродромска маларија“, настанува кога заразен комарец ќе остане заробен во авион или во багаж, ќе биде пренесен во област каде што нема маларија и таму ќе касне некое лице.

Во јули, аеродромските власти поставија стапици низ целиот комплекс за да го спречат ширењето на заразувањата.

Германскиот институт „Роберт Кох“, агенцијата одговорна за контрола на болести и јавно здравје, објави дека вработените на аеродромот се разболеле откако се заразиле со маларија во периодот меѓу 4 и 6 јули. Вкупно шест вработени се заразиле со болеста, според „Фрапорт“ (Fraport), компанијата што управува со аеродромот во Франкфурт.

„Обезбедивме сеопфатни информации за сите вработени и ги охрабруваме да се консултираат со лекар доколку почувствуваат какви било симптоми“, соопштија од компанијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk